24фудбал

Шкендија со четири порази, без даден гол го заврши настапот во Европа!

Шкендија уште еднаш загуби од Рига, овој пат на Арената „Тодор Проески“ во Скопје беше поразена со 1-0 од летонскиот претставник.

Македонија

За тоа колку е слаба македонската лига најдобра слика даваат настапите на нашиот шампион во Европа, Шкендија која не само што не успеа да остане непоразена во четири дуели, туку не постигна ниту гол.

По двата порази од Мура во квалификациите од Лигата на шампионите, Шкендија двапати загуби и од Рика во квалификациите за конференциската лига.

Денеска Рига дојде до победа од 1-0 со гол на Соисало по седум минути игра во второто полувреме.