24фудбал

Во наредните неколку дена ќе се знае дали Гвардиола ќе добие едно од големите засилувања кои ги сака

Манчестер Сити ќе се обиде да му исполни барем една од скапите желби на Пеп Гвардиола.

Англија

Пеп Гвардола сака во Манчестер Сити да ги види Џек Грилиш и Хари Кејн.

Напаѓачот на Тотнем е речиси невозможна мисија, иако не се исклучува можноста и тој да биде договорен до крајот на преодниот рок.

Но информаците на Фабрицио Романо велат дека Манчестер Сити е во директни разговори со Астон Вила за трансфер на Грилиш.

Неизвесноста нема долго да трае бидејќи конечната одлука ќе биде донесена за неколку дена, тврди Романо.

Астон Вила сака да го задржи Грилиш, но јасно им е дека тој има потреба од многу поконкурентен тим за трофеи. Ако го продадат се очекува тоа да биде за над 100 милиони евра.