24фудбал

Нов пресврт во ситуацијата на Алиоски, Ал Ахли ги прифатил барањата на македонскиот фудбалер

Езгјан Алиоски синоќа им кажа збогум на фановите на Лидс, а наскоро се очекува да го комплетира трансферот во Ал Ахли од Саудиска Арабија.

Македонија

Ал Ахли и Алиоски имаа постигнато договор, но потоа стигна информација дека зделката е стопирана откако Македонецот побарал повеќе пари.

Сепак, новите информации се дека Ал Ахли сепак ги прифатил барањата на Алиоски и трансферот наскоро ќе биде комплетиран.

Под објавата на Алиоски со збогувањето од Лидс, многу навивачи на Ал Ахли веќе му посакуваа добредојде на македонскиот играч.