24фудбал

Кога се во прашање парите, за Рајола нема граници: Го понудил Погба на Ливерпул!

Според пишувањата на „Ле 10 Спорт“, Мино Рајола го понудил Пол Погба на Ливерпул, „црвените“ сепак културно го одбиле и го известиле агентот дека би можеле да бидат заинтересирани во јануари.

Англија

Името на Пол Погба често е дел од трансфер шпекулациите во последно време, се говори дека Французинот нема намера да го продолжи договорот со Манчестер јунајтед, па ПСЖ сака да ја искористи ваквата ситуација и да го донесе фудбалерот од средниот ред во Париз.

„Светците“ се во контакт со придружбата на Пол Погба и се подготвува терен за трансфер вреден 50-60 милиони евра.

Во меѓувреме, од Франција пристигнуваат изненадувачки информации, како што пренесува „Ле 10 Спорт“, Мино Рајола го понудил Пол Погба на Ливерпул.

„Црвените“ бараат замена за Џини Вајналдум, па Мино Рајола во разговори зад сцената им предложил ангажман на Пол Погба.

Ливерпул сепак културно го одбил агентот, го известил дека во моментов не се заинтересирани за една ваква зделка, но дека работите можат да се променат доколку Пол Погба во јануари ги одработува последните шест месеци од договорот со Манчестер јунајтед.

Ривалството помеѓу Манчестер јунајтед и Ливерпул е огромно, двата клуба повеќе од 50 години немаат договорено трансфер, па тешко за верување е дека би седнале на маса сега и тоа за звучно име како што е Пол Погба, но кога се во прашање парите, за Мино Рајола очигледно нема граници.