24фудбал

Вучиќ на средба со Панчев: Чест ми е што можев да сретнам голем шампион (ФОТО)

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ престојот во Скопје го искористи и за средба со македонскиот легендарен фудбалер, Дарко Панчев.

Македонија

Српскиот претседател Александар Вучиќ деновиве е во Скопје каде се одржува Регионалниот економски форум „Поврзан Балкан“.

Вучиќ за кој е познато дека е голем фан на Црвена звезда, прстојот во Скопје го искористи и за средба со Дарко Панчев.

Тој на својот инстаграм профил објави фотографија од средбата со Панчев и напиша: „Со македонската и југословенска легенда, Дарко Панчев. Чест ми е што можев да сретнам голем шампион“.