24фудбал

Солшер смета дека Санчо и Варан ќе направат голема разлика, Норвежанецот веќе нема да има оправдување ако не освои титула

Раководството на Манчестер јунајтед му донесе две големи засилувања на Оле Гунар Солшер по кои норвешкиот стратег веќе нема да има оправдувања ако црвените ѓаволи не освојат титула.

Англија

Оле Гунар Солшер ужива голема поддршка од клубот и навивачите иако се уште нема освоено ништо. Ова лето тој доби две големи засилувања, и самиот е свесен дека со нив се зголемува притисокот за конкретен резултат.

„Секој тренер би бил среќен кога засилувањата се носат порано во преодниот рок. Мислам дека тие двајца ќе бидат огромна разлика за нас, и на краток и на долг рок“, вели Солшер.

„Рафаел Варан е во неговата најдобра форма како централен дефанзивец. Тој има исто години како Мегваер и е година постар од Баи, неколкку години постр од Линделоф, па имаме фантастична група на централни дефанзивци“.

„Со Џејдон добивме возбудливо засилување во офанзивата. Како тренер не можете да побарате поголема поддршка од овие двајца кои дојдоа рано во преодниот рок“.

Манчестер јунајтед синоќа одигра само 2-2 против Брентфорд, но Солшер се уште не смета на значаен дел од првотимците. 

Јунајтед во сабота игра пријателски меч со Престон, а следната недела против Евертон. По овие дуели ги очекува стартот на сезоната, на 14 август во првото коло го пречекуваат Лидс.