24фудбал

Баерн изгуби и од Менхенгладбах на подготовките, Нагелсман вели дека стартот на сезоната можби нема да биде идеален

Баерн Минхен игра лошо во подготовките за новата сезона, синоќа на свој терен загуби од Борусија Менхенгладбах со 2-0, Нагелсман предупредува дека може да се случи бавен старт на сезоната.

Германија

Баерн Минхен одигра три подготвителни натпревари досега, загуби од Келн и Борусија Менхенгладбах, а одигра реми со Ајакс, Баварците се уште немаат победа под водство на Нагелсман.

Баерн во сабота игра пријателски меч со Наполи, а потоа ги почнува официјалните натпревар, прво куп меч со Бремер, а потоа гостува кај Менхенгладбах во првото коло од Бундеслигата.

„Немаме многу време, ќе продолжиме да ја развиваме играта во текот на сезоната и официјалните натпревари. Па можно е еден или два натпревари на стартот од сезоната да не одат како што посакуваме“, вели Нагелсман.

„Но ние не сме единствениот тим со проблеми. И Борусија Менхенгладбах исто имаа десет репрезентативци како и други клубови од Бундеслигата, ќе ни биде потребно време“.