24фудбал

Лаутаро не би го напуштил Интер за Арсенал

Телеграф пишува дека Арсенал прави обиди да го купи Лаутаро Мартинез, но во Италија велат дека Аргентинецот не би се преселил во Северен Лондон.

Англија

Лаутаро Мартинез има откупна клаузула од 111 милиони евра, Арсенал не може да ја понуди таа сума, но ќе проба да дојде најблиску што може.

Некои пишуваат дека топчиите се спремни да одвојат и 90 милиони евра, тоа е сума која би била прифатлива за Интер, но Лаутаро не сака преселба во Интер.

Марко Барзаги од Спорт Медиасет вели дека Лаутаро би го напуштил Интер само за некој од гигантите во Шпанија.

Освен за Барселона, Реал Мадрид или Атлетико Мадрид, Лаутаро Мартинез нема намера да си оди од Интер ова лето.

Актуелниот договор на Лаутаро со Интер истекува во јуни 2023, нероазурите може да бидат мирни ова лето, но следното веќе ќе мора да повлечат потег, да го продадат ако не успеат да постигнат нов договор.