24фудбал

Лошо почна престојот на Алаба во Мадрид, позитивен е на ковид-19

Новото засилување на Реал Мадрид, Давид Алаба е позитивен на ковид-19, тоа е лоша вест за Карло Анчелоти на две недели пред стартот на новата сезона.

Шпанија

Алаба во наредниот период ќе треба да биде во изолација и тоа ќе го одложи неговото враќање во потребната натпреварувачка форма.

Австриецот треба да биде замена за Серхио Рамос. Иако може да игра на неколку позиции, Карло Анчелоти ќе го игра како централен дефанзивец заедно со Начо или Милитао.

Првиот натпревар на Реал Мадрид во новата сезона е дуелот против Алавес на 14 август.