24фудбал

Челси очајно посакува елитен напаѓач, подготвуваат мега понуда за Лукаку

Челси беше подготвен да даде вистинско богатство за Ерлинг Халанд, но германскиот клуб нема намера да го продаде, сега од Италија стигнува информрација дека англискиот клуб се интересира за Лукаку.

Англија

Според „Спорт Италија“, Челси е подготвен на Интер да му понуди 130 милиони евра за Ромелу Лукаку.

Но Интер претходно рече дека Лукаку не е на продажба и наредната сезона со сигурност ќе продолжи да го носи црно-синиот дрес.

Интер за Лукаку на Манчестер јунајтед му плати 74 милиони евра, но по неговите одлични игри цената сега е значително зголемена.

Има уште еден месец до крајот на преодниот рок, Челси веројатно нема да се откаже од намерата да купи елитен напаѓач.