24фудбал

И Ал Ахли се откажува од Алиоски, барал премногу пари?

Според португалскиот новинар, Педро Алмеида, договорот меѓу Алиоски и Ал Ахли е стопиран откако македонскиот фудбалер побарал повеќе пари.

Македонија

Се чини дека Алиоски нема да се пресели ниту во Ал Ахли, информациите велат дека дури ни клубот од Саудиска Арабија не можел да ги исполни барањата на нашиот фудбалер.

Новинарот Педро Алмеида тврди дека трансферот нема да се реализира.

„Договорот е прекинат меѓу Алиоски и Ал Ахли, има разлики во платата, македонскиот фудбалер сега сака 2,5 милиони по сезона за да потпише за клубот“, вели тој.

Синоќа и тренерот на Галатасарај, Фатих Терим изјави дека не потпишале со Алиоски поради неговите големи барања за плата.