24фудбал

Официјално: Манчестер јунајтед потврди, постигнат е договор со Реал Мадрид за Варан

Манчестер јунајтед потврди дека постигнале договор со Реал Мадрид за трансфер на Рафаел Варан.

Англија

Готово е, Рафаел Варан од Реал Мадрид прави трансфер во Манчестер јунајтед. 

„Манчестер јунајтед со задоволство може да потврди дека постигна договор со Реал Мадрид за францускиот дефанзивец и светски шампион, Рафаел Варан, трансферот ќе се комплетира кога ќе бидат поминати медицинските тестови и ќе биде финализиран договорот на фудбалерот“, стои во соопштението на англискиот клуб.