Категорија: Македонија 27.07.2021 17:38
Пред две недели, голем број на извори од Турција пренесоа дека Езгјан Алиоски е пред трансфер во Галатасарај. Сепак, зделката пропадна во „пет до дванаесет“, Фатих Терим го стопирал пристигнувањето на Македонецот.
Тренерот на Галатасарај сега откри зошто се решил на еден ваков чекор. На прес конференцијата во пресрет на реваншот против ПСВ во квалификациите од Лигата на шампиони тој рече: „Алиоски побара 7,5 милиони евра за три години, плус не се работи за класичен лев бек, па секако дека одбив да го ангажираме“.
Езгјан Алиоски по неуспешните преговори со Галатасарај започна разговори со Ал Ахли од Саудиска Арабија и за кратко време договори соработка од две години вредна 5 милиони евра.