24фудбал

Фердинанд го предупредува Варан: Никогаш не си играл против екипа како Барнли, треба...

Рио Фердинанд вели дека Хари Мегваер и Рафаел Варан можат да креираат одлично партнерство во одбраната на Манчестер јунајтед, но додава дека Французинот мора да се адаптира на играта во Премиерлигата.

Англија

Голем број на извори, синоќа пренесоа дека Манчестер јунајтед и Реал Мадрид договориле транасфер на Рафаел Варан вреден околу 50 милиони евра.

Французинот важи за еден од најдобрите дефанзивци во светот, но Рио Фердинанд испрати предупредување. Легендата на „ѓаволите“ верува дека стилот на игра во Премиерлигата е нешто што Рафаел Варан го нема искусено до сега, и од голема важност ќе биде брзото прилагодување.

„На хартија, Варан и Мегваер излгедаат многу, многу добра комбинација“ – вели Фердинанд.

„Но тој мора да разбере дека фудбалот во Англија е многу различен. Ве чека гостување кај Барнли и многу слични места. Понекогаш натпреварот е полн со акција, стилот на игра во Премиерлигата е нешто сосема различно, никогаш претходно нема искусено нешто такво“.

„Прашањето што треба да се постави е дали тој може да се справи со ваков стил?“

„Летаат топки од сите страни, нафрлување од сосема поинакви агли, какви што не гледал во Шпанија, каде се игра по земја, со побавно темпо“.

„Па ќе треба да се брани на поинаков начин и тука ќе треба да покаже дека е играч од светска класа. Дали може да се адаптира? Тоа е правато прашање“.

„Искрено верувам дека е способен да го стори тоа“.