24фудбал

„Не сум разговарал со Гвардиола две години, мислам дека не ни знаеше дека Манчестер Сити ме купил“

Дефанзивецот Педро Поро вели дека ниту еднаш не разговарал со Пеп Гвардиола и покрај тоа што две години бил дел од Манчестер Сити, се сомнева и дека стратегот воопшто знаел дека тој е фудбалер на „граѓаните“.

Англија

Летото во 2019, во последниот ден од преоден рок во Премиерлигата, Манчестер Сити за 11 милиони фунти (околу 13 милиони евра) го купи Педро Поро од Џирона.

Дефанзивецот сепак веднаш беше испратен на позајмица во Ваљадолид, а откако следното лето се врати на „Етихад“, одново беше испратен на позајмица, овој пат во Спортинг Лисабон.

„Лавовите“ сега во целост ќе го купат Шпанецот за 8,5 милиони евра, а пред да се комплетира зделката, Педро Поро реши да се пожали од третманот кој го добил од Пеп Гвардиола.

„Никогаш не разговарав со Гвардиола, ниту еднаш во две години. Мислам дека не ни знаше дека Манчестер Сити ме купул“ – вели Педро Поро, кој нема одиграно ниту една минута во дресот на „граѓаните“.