24фудбал

Како Јувентус ги надмудри Милан и Бенфика за потписот на талентот на Сантош

Медиумите од Бразил пренесуваат дека Јувентус ја добил битката за талентираниот Каио Жорже, 19 годишниот напаѓач на Сантош потпишал пред-договор со „старата дама“.

Италија

Милан и Бенфика ќе извисат во трката за потписот на Каио Жоржи откако Јувентус со поинаков пристап успеал да ги обезбеди услугите на 19 годишниот напаѓач на Сантош.

„Росонерите“ подолго време се обидуваат да го ангажираат Каио Жоржи, се договорија со играчот но запнаа преговорите со Сантош, клубот од Сан Сиро на маса стави 3 милиони евра, додека пак „црно-белите“ побараа 10 милиони евра.

Бенфика пак успеа да се договори со Сантош откако испрати предлог вреден 10 милиони евра (пари плус услугите на Жилберто), но „орлите“ имаат потешкотии да добијат ДА од Каио Жоржи.

Според УОЛ Еспорте, Јувентус тргнал по различен пат, го информирал Сантош дека официјално ќе отвори преговори со фудбалерот согласност на членот 18.3 од статусот на ФИФА.

Каио Жоржи е обврзан кон Сантош до 31. декември, ги одработува последните шест месеци и може да потпише за друг клуб, па токму тоа го сторила „старата дама“, го убедила напаѓачот да стави потпис на пред-договор и тој како слободен играч треба да се пресели во Торино во јануари 2022 година.

Не се исклучува можноста Јувентус да му плати на Сантош 1-2 милиони евра за Каио Жоржи ова лето да пристигне на „Алианц“ стадионот, наместо да се пресели за беспари во зимскиот преоден рок.