24фудбал

Тотнем и Севиља ја потврдија размената, Хил за Ламела

Тотонем и Севиља ги разменија Брајан Хил и Ерик Ламела, зделката и официјално е потврдена.

Англија

Тотнем во Севиља го прати искусниот Ерик Ламела, а за возврат го доби младиот Брајан Хил.

20-годишниот Брајан Хил потекнува од школата на Севиља, минатата сезона ја мина на позајмица во Еибар за кој одигра 28 меча и постигна четири гола. 

Ламела и Хил играат на слична позиција, и двајцата се офанзивни фудбалери кои можат да играат странично и зад напаѓачот.