24фудбал

Шаќири му соопштил на Ливерпул дека сака да замине, оди во Рим

Џердан Шаќири ова лето ќе го напушти Ливерпул, неговата желба е да се врати во Италија, има понуда од Лацио.

Англија

Шаќири му соопштил на Ливерпул дека сака да си оди ова лето и не верува дека клубот ќе му прави проблем да ја оствари својата цел.

„Му кажав на бордот на Ливерпул дека сум подготвен за нов предизвик. Тие ја прифатија мојата одлука и сега ги разгледуваат понудите за да ме продадат. Ливерпул нема да ме спречи ова лето да заминам“, вели Шаќири.

Тој директно кажа дека негова цел е да игра за Лацио, клубот со кој најсилно се поврзува во моментов.

„Би сакал да се вратам во Италија и би сакал да играм за Лацио“.