24фудбал

Кеси одговори на гласините кои го поврзуваат со Ливерпул и Тотнем: Засекогаш сакам да останам во Милан!

Франк Кеси вели дека нема намера да си оди во Милан со што одговори на гласините кои го поврзуваат со трансфер во клубови од Премиерлигата.

Италија

Кеси во моментов игра на олимписките игри со репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска. Тој се поврзува со Ливерпул и Тотнем, но сакајќи да стави крај на сите гласини, одговори од Токио.

„Горд сум што го одбрав Милан и немам намера да си одам. Напротив, сакам да останам во Милан засекогаш“, изјави Кеси.

Тој е во преговори за нов договор и се надева дека тоа ќе го реши штом се врати од Олимписките игри.

„Кога ќе се вратам од Олимпијадата, ќе средам се. Го сакам само Милан. Спортскиот директор Паоло Малдини ги знае моите размислувања. Сакам да претставувам Милан до крајот на животот“.