24фудбал

Варан е поблиску до Манчестер јунајтед

Фабрицио Романо тврди дека трансферот на Рафаел Варан од Реал Мадрид во Манчестер јунајтед се движи во позитивна насока и наскоро би требало да се реализира.

Англија

Двата клуба водат преговори, а врз база на нив се очекува во наредните денови Манчестер јунајтед да испрати официјална понуда која ќе ја прифати Реал Мадрид.

Од таборот на Јунајтед се уверени дека договорот е извесен иако треба да се дефинираат уште некои детали.

Варан веќе ги договори личните услови со Манчестер јунајтед. Тој нема намера да потпише нов договор со Реал Мадрид, а од стариот има уште една сезона.

И покрај тоа, Варан не планира да креира проблеми во Реал Мадрид и со сила да бара заминување ова лето. Ако не се најде заеднички јазик меѓу двата клуба, тој ќе остане и ќе го дава максимумот до крај. Сепак се верува дека оваа или наредната недела, трансферот ќе се случи.