24фудбал

Покетино го обнови договорот со ПСЖ до 2023 но дозна лоши вести од Мбапе

Маурисио Покетино ја продолжи соработката со ПСЖ и стави потпис на договор до 2023 година, но големи се шансите да остане без една од главните ѕвезди на тимот, односно Килијан Мбапе.

Франција

ПСЖ попладнево соопшти дека Маурисио Покетино ставил потпис на нов договор и се обврзал кон „светците“ до 2023 година. Клубот од Париз реши да му укаже доверба на стратегот и покрај тоа што остана без титулата во Франција, а во Лигата на шампиони беше елиминиран во четвртфиналето.

Но не е се розово за Аргентинецот, неколку извори пренесуваат дека Маурисио Покетино имал средба со Килијан Мбапе, на која напаѓачот го известил тренерот дека нема намера да стави потпис на нов договор.

Килијан Мбапе му пренел на Маурисио Покетино дека е подготвен да ја одигра сезоната доколку ПСЖ не го продаде, но планот му е да замине. Ако тоа не се случи ова лето, тогаш следното.