24фудбал

Манчестер јунајтед го комплетираше трансферот на Санчо, Кавани не му го отстапи бројот

Манчестер јунајтед попладнево го комплетираше трансферот на Џејдон Санчо, Англичанецот стави потпис на петгодишен договор со опција да ја продолжи соработката за додатни 12 месеци.

Англија

Џејдон Санчо е второ засилување за „ѓаволите“ ова лето. Откако на почетокот од месецот беше договорен трансфер со Борусија Дортмунд вреден 85 милиони евра, зделката беше комплетирана оваа недела и Англичанецот денеска стави потпис на петгодишен договор, со опција да ја продолжи соработката за додатни 12 месеци.

„Секогаш ќе бидам благодарен на Дортмунд за шанста која ми ја укажаа, иако знаев дека еден ден ќе се вратам во Англија. Приликата да се преселам во Манчестер јунајтед е остварување на сонот и со нетрпение чекам да играм во Премиерлигата“ - рече Џејдон Санчо.

Изминативе денови имаше многу гласини за тоа бројот на дресот кој ќе го добие Џејдон Санчо, се најавуваше дека офанзивниот фудбалер ќе ја носи „7-та“ која му припаѓа на Единсон Кавани.

Сепак, ваквите најави не се реализираа, Џејдон Санчо оваа сезона ќе го носи бројот 25.