24фудбал

Тотнем и Сити изненадени од веста за трансфер на Кејн, ако нешто се случи, тоа ќе биде кон крајот на преодниот рок

По информациите на Сан за трансфер на Хари Кејн во Манчестер Сити вреден фантастични 160 милиони фунти, од неколку извори пристигнаа деманти за ваква мега зделка.

Англија

Денешното издание на Сан објави „бомба“ и пренесе дека Хари Кејн се сели во Манчестер Сити за 160 милиони фунти (околу 187 милиони евра) и ќе стане вториот најскап трансфер во историјата.

По веста, обложувалниците веднаш ги намалија коефициентите за преселба на напаѓачот на „Етихад“, се појавија гласини дека Антоан Гризман би можел да го наследи Англичанецот во Тотнем, а и дека Бернанрдо Силва ќе биде првата „жртва“ во Манчестер Сити.

Сепак, неколку извори ги демантираат ваквите стории. Прв се огласи новинарот Аласдер Голд, кој на Твитер напиша: „Спарси остануваат на ставот дека немаат намера да го продадат Хари Кејн ова лето. Нуно Еспирито Санто исто така беше прилично јасен по ова прашње кога беше промовиран како нов тренер на Тотнем“.

Се огласи и новинарот Дејвид Орнштајн, кој рече: „Имам почит кон сите новинари, но моите извори велат нешто сосема друго. Од она што јас го знам, во Тотнем и Сити се изненадени од оваа строија“.

„Знаеме дека Сити е заинтересиран, знаеме дека Кејн сака да замине од Тотнем, и доколку пристигне соодветна понуда, се верува дека се работи за сума од 150 милиони фунти, ќе се случи трансфер. Сепак, мислам дека Манчестер Сити не е подготвен да плати толку многу“.

„Јасно е дека Кејн притиска да замине, секако дека има многу преговори зад сцената, но мислам дека нема да има разрешница во брзо време. Доколку се случи трансфер, тоа ќе се случи на самиот крај од трансфер пазарот“.