24фудбал

Сон не мрда од Тотнем, потпиша нов четиригодишен договор

Ѕвездата на Тотнем, Хеунг Мин Сон стави потпис на ново четиригодишен договор со англискиот клуб.

Англија

Тотнем успеа да задржи една од своите најголеми ѕвезди, Хеунг-Мин Сон.

„Со задоволство можеме да соопштиме дека Хеунг Мин Сон потпиша нов четиригодишен договор со клубот кој ќе трае до 2025 година“, стои во соопштението на Тотнем.

Сон вели дека е многу среќен во Тотнем.

„Веќе ми беше голема чест што играв шест години тука, клубот покажа огромна, огромна почит кон мене и јасно е дека сум среќен што ќе бидам тука и во иднина. Тука сум како дома, особено со фановите, фудбалерите, персоналот. Одлуката беше лесна, пресреќен сум што ќе бидам тука“, изјави Сон.