24фудбал

Случајот на Варан се комплицира, никој не се откажува од своите позиции

Манчестер јунајтед и Реал Мадрид не можат да постигнат договор за трансфер на Рафаел Варан, никој не сака да отстапи од своите позиции.

Шпанија

Варан ги договор личните услови со Манчестер јунајтед, но трансферот можеби нема да се реализира бидејќи преговорите меѓу двата клуба не се одвиваат како што тој посакува.

Извор за „АС“ тврди дека двата клуба силно стојат на своите позиции, а таквиот став не води кон позитивен резултат во преговорите.

Јунајтед смета дека може да издејствува поевтина цена за Варан бидејќи фудбалерот влегува во последната година од договорот со Реал Мадрид.

Кралскиот клуб бара 70 милиони евра и чека Манчестер јунајтед да се приближи со понудите до таа сума.

Но разликата е голема, Јунајтед нуди 40 милиони евра плус 5 во бонуси.

Варан сакаше неговиот случај да се реши пред да почне со тренинзи, но тој сега има повик од Анчелоти да ги почне подготовките.