24фудбал

Милан со Барди ќе го пополнува испразнетото место од Чалханоглу!?

Според италијанските медиуми, Енис Барди е во нотесот на Малдини за можен наследник на Хакан Чалханоглу кој замина во Интер.

Италија

„Калчомеркато“ пишува дека Енис Барди е опција за Милан во овој преоден рок. По заминувањето на Чалханоглу, росонерите бараат фудбалер од средниот ред кој ќе биде наследник на Турчинот.

Барди има договор со Леванте до 2022 година, и шпанскиото клуб би можел да го продаде ова лето со цел да не ризикува да му истече договорот и да си замине како слободен играч.

Се проценува дека Барди во моментов вреди 15 милиони евра, но Милан ќе се обиде да ја спушти цената со оглед на тоа тој има уште една година од договорот.

Досега неколку Македонци играле во Серија А, но се уште никој не го облекол дресот на Милан, можеби Барди ќе биде првиот.