24фудбал

Ришарлисон ја потопи Германија

Бразил со 4-2 ја победи Германија во дербито на првото коло од фудбалскиот турнир на Олимписките игри, Ришарлисон со хет-трик беше ѕвезда на мечот.

Останато

Бразил со фуриозно прво полувреме во кое царуваше Ришарлисон дојдоа до трите бода од дуелот со Германија.

Фудбалерот на Евертон од седмата до 30. минута постигна три голови за водство на Бразил од 3-0. Предноста на полувремето можеше дад биде и поголема, но Куња промаши пенал.

Во второто полувреме Германија се врати во живот, Амири во 57. минута погоди за 3-1, а Аче во 83. минута намали на 3-2.

Германците одеа кон израмнување, но Паулињо во 94. минута постигна гол за победа на Бразил од 4-2.

Австралија направи изненадување откако со 2-0 ја победи Аргентина. Домаќинот Јапонија со 1-0 славеше против Јужна Африка, со истиот резултат Романија беше подобра од Хондурас.