24фудбал

Мексико со четири гола ја „почасти“ Франција на стартот на Олимпијадата (ВИДЕО)

Мексико со убедливи 4-1 ја победи Франција во првото коло на олимпискиот фудбалски турнир во Токио.

Останато

Франција беше благ фаворит во дуелот со Мексико, но на теренот не беше така. Првото полувреме беше мирно, без голови, сите пет погодоци беа постигнати во вториот дел.

Резултатот го отвори Вега по две минути игра во второто полувреме, а на 2-0 зголеми Кордова во 55. минута.

Во 69. минута Жињак намали на 2-1 и ја врати Франција во игра, но до крајот Мексиканците со голови на Антуна и Агуире дојдоа до убедлив триумф од 4-1.

Во оваа група се уште и домаќинот Јапонија и селекцијата на Јужна Африка.

Во овој термин Нов Зеланд ја победи Јужна Кореја со 1-0, а Брегот на Слоновата Коска со 2-1 славеше над Саудиска Арабија.