24фудбал

Спалети: Елмас е нешто исклучително, тој е феномен

Новиот тренер на Наполи, Лучијано Спалети е импресиониран од Елиф Елмас, има само пофални зборови за нашиот фудбалер и знае каде ќе го игра во престојната сезона.

Италија

Наполи оваа сезона ја почнува ерата под водство на Лучијано Спалети, ако се суди според неговите зборови, Елмас треба да има важна улога во неговиот тим.

Елмас кај Гатузо вообичаено влегуваше во текот на второто полувреме, но Спалети има големи пофалби за македонскиот репрезентативец, па се очекува дека под негово водство Македонецот ќе игра многу повеќе.

„Не можете да го разберете него затоа што има премногу карактеристики, можете да го играте каде сакате, тој креира и почнува се, пред нас имаме нешто исклучително. Понекогаш не е мерило тоа ако знаете да правите многу работи, но мислам дека тука зборуваме за феномен. Тој е важен фудбалер кој ќе ни биде од голема помош, сметам на него. Според мене, најдобро за него е да игра во средниот ред, секогаш да биде со топката“, вели Спалети.