24фудбал

Реал го промовираше Алаба, дефанзивецот откри зошто го одбрал бројот 4

Реал Мадрид попладнево го презентираше Давид Алаба, дефанзивецот го доби бројот 4, кој до пред неколку недели му припаѓаше на Серхио Рамос.

Шпанија

Давид Алаба е првото засилување за Реал Мадрид ова лето, дефанзивецот пристигна за беспари откако му заврши договорот со Баерн Минхен. Фудбалерот од Австрија попладнево беше промовиран како нов „крал“ и го доби дресот со број 4, кој до пред неколку недели му припаѓаше на Серхио Рамос.

„Разговарав со клубот, ми го понудија бројот 4, ми рекоа дека нема други слободни броеви. Знам што значи овој број, и чест ми е што ќе го носам, ќе ме мотивира дополнително. Бројот претставува сила и лидерство“ – вели Давид Алаба.

„Серхио Рамос беше дел од овој клуб повеќе од една декада, беше лидер, на сите им е јасно ова. Но ми беше кажано дека само овој број е слободен и не сакав да барам од други соиграчи да ми отстапат број“.

Серхио Рамос се збогува со Реал Мадрид на крајот од минатиот месец откако не успеа да пронајде заеднички јазик со Флорентино Перез за продолжување на соработката.

Па Давид Алаба наместо да биде партнер на Шпанецот во одбраната, сега ќе треба да го замени.

„Не дојдов во Мадрид за да се споредувам со други, сакам да бидам Алаба, да понудам тоа што знам и умеам. Сакав да игра покрај Серхио Рамос, да учам од него, се работи за фудбалер од светска класа“.