24фудбал

Барса сака поголем ред и дисциплина во школата, забрана за мобилни телефони и „чудни фризури“

Првиот човек на академијата на Барселона, Хосе Рамон Алексанко имал средба со сите тренери од младинските категории и ги известил дека од оваа сезона ќе се применуваат нови правила.

Шпанија

Барселона воведува нови правила во популарната „Ла Масиа“, новото раководство верува дека изминативе години дошло до опуштеност во школата, а со само тоа се нарушил и имиџот на клубот, па целта е да се воведе поголем ред и дисциплина.

Првиот човек на академијата, Хосе Рамон Алексанко имал средба со сите тренери од младинските категории и ги известил дека од оваа сезона ќе има одредени новитети.

Фудбалерите нема да можат да користат мобилни телефони во соблекувалната, ниту на тренинзите, ниту на натпреварите. Момчињата кога ќе пристигнат во тренинг комплексот, ќе ги остават своите телефони кај делегатот и потоа ќе ги подигнат на заминување. Целта е момчињата да се фокусираат само на фудбалот, наместо да губат време и внимание со постирање слики и видеа на социјалните мрежи.

„Каталонците“ исто така нема да толерираат „чудни фрузури“, ниту пак момчињата ќе можат да ги фарбаат косите во дречливи бои.