24фудбал

Причината поради која почна големиот инцидент на мечот меѓу Атлетико Минеиро и Бока јуниорс (ВИДЕО)

Луди сцени имаше по мечот на Копа Либертадорес меѓу Атлетико Минеиро и Бока јунорс, гостинските фудбалери се тепаа со кој ќе стигнат и бираа средства како да го прават тоа.

Јужна Америка

Мечот меѓу Атлетико Минеиро и Бока јуниорс заврши 0-0, домаќините победија на пенали со 3-1 и се пласираа во четвртфиналето.

Но во 63. минута се случи контроверзен момент, ВАР поништи гол на Бока по кој се запали атмосферата. По тој момент почнаа пресметките меѓу двата табори, атмосферата цело време беше жешка, а кулминираше по крајот од мечот кога не се бираа средства за борба со противниците, полицијата, обезбедувањето...