24фудбал

Паратичи сака во Тотнем да го донесе дефанзивецот кој катастрофално го изменаџира во Јуве

Спортскиот директор на Тотнем, Фабио Паратичи прави напор во Северн Лондон да го донесе Кристијан Ромеро, дефанзивецот кој добро го познава, но не може да се пофали со позитивно завршена работа кога тој е во прашање.

Англија

Паратичи кој ова лето од Јувентус премина во Тотнем како спортски директор, добро го познава италијанскиот пазар па од таму пробува да го засили италијанскиот тим.

Една од целите е дефанзивецот на Аталанта, Кристијан Ромеро со кого Паратичи има историја, со која не може да се гордее.

Имено во 2019 година, Јувентус го купи Ромеро од Џенова за 26 милиони евра.

Минатото лето го дадоа на Аталанта на позајмица со опција за откупување за 18 милиони евра која ја искористија. 

Тоа значи дека Паратичи како спортски директор од Ромеро му донесе загуба на Јувентус од осум милиони евра.

Уште поважно е што сега цената на Ромеро е дури 60 милиони евра.

За разлика од Јувентус кој е во негатива од осум милиони евра од Ромеро, ако Аталанта го продаде за сумата која ја бара, ќе биде во плус 42 милиони евра.