24фудбал

Серија А донесе одлука, сите фудбалери мора да се вакцинираат

Фудбалерите од Серија А, но и тие во Серија Б ќе мора задолжително да се вакцинираат пред почетокот на новата сезона.

Италија

Во Специја дури 11 фудбалери се заразени од коронавирус во моментот, тоа ја прели чашата во одлуката за задолжителна вакцинација во две најголеми италијански лиги.

Со цел да не се повторуваат случаеви како овој со Специја која објави дека двајца нивни фудбалери се антиваксери, Серија А донесе ригорозно правило дека секој кој треба да игра, мора да биде вакциниран.

Крајниот рок за доставување на документација за вакцинација е 20 август.

Покрај фудбалерите, и навивачите кои ќе сакаат да одат на стадионите мора да бидат вакцинирани, повеќе нема да се дозволува влез со негативен ПЦР-тест, само со документ за вакцинација.