24фудбал

Динамо славеше против Омонија, но се повреди Адеми (ВИДЕО)

Динамо Загреб ја победи Омонија со 2-0 во првиот натпревар од 2. коло во квалификациите за Лигата на шампиони, лоша вест е повредата на Аријан Адеми, кој беше повлечен од игра пред крајот на првиот дел.

Лига на Шампиони

Динамо Загреб на Аријан Адеми и Стефан Ристовски обезбеди убава предност пред реваншот со Омонија, вечерва на „Максимир“, шампионот на Хрватска славеше со 2-0.

„Модрите“ го скршија опторот на противникот во второто полувреме, Мајер го отвори резултатот во 65. минута. 

Јакиќ го постави конечниот резултат во 81. минута откако најдобро се снајде по една нафрлена топка.

Лоша вест е повредата на Аријан Адеми, кој мораше да биде заменет пред крајот на првиот дел. Вториот македонски интернационалец, Стефан Ристовски ги одигра сите 90 минути за Динамо Загреб на овој натпревар.