24фудбал

Ќе бидат платени неверојатни 600 милиони евра за Премиерлигата да оди на „Арена“!?

Државната компанија „Телеком Србија“ ги откупи правата за преноси на Премииерлигата кои ќе одат на „Арена“, од сумата боли глава, 100 милиони евра по сезона за шестгодишен договор.

Англија

Утринава излезе веста дека „Арена“ во соработка со Телеком Србија ги откупи правата за Премиерлигата почнувајќи од сезоната 2022/23.

Српските медиуми ги откриваат бројките, според нив Телеком Србија плаќа 600 милиони евра за шест последователни сезони од Премиерлигата да се емитуваат на Арена, тоа е 100 милиони евра по сезона.

Таа сума е десет пати поголема од сумата што досега ја плаќаше „Спорт Клуб“.

Генералниот директор на Телеком Србија, Владимир Лучиќ официјално не ја открива сумата велејќи дека тоа е деловна тајна.

Пакетот е максимален, Арена ќе ги пренесува сите 380 натпревари во сезоната.