24фудбал

Македонските фудбалери се вклучија во битка за помош на Јаков (ФОТО)

Фудбалските репрезентативци на Македонија се вклучија во акцијата за помош на двегодишниот Јаков откако прифатија да се потпишат на нивни заеднички колаж од ЕВРО 2020, парите од продадената слика ќе бидат за лекување на малиот борец.

Македонија

Почетната цена е 1.000 евра, а ова е втор обид да се продаде сликата бидејќи во првиот немало заинтересирани. Јаков иако има само две години, веќе мораше да помине низ две тешки операции за двапати да му биде отстранет тумор, при што мораше да го изгуби и едниот бубрег. Заради специфичната моментална здраствена состојба, малиот Јаков мора ИТНО да замине во странство за да го продолжи своето лекување, а за што на родителите им е потребна помош.

Аукцијата се одвива на Твитер и ќе трае 24 часа, што е можност за сите хумани луѓе да се вклучат и заеднички да се обидат да го спасат малиот голем борец. А, зошто и самите репрезентативци да не да се вклучат во акцијата за помош.