24фудбал

Сигурдсон не е првиот фудбалер од Премиерлигата обвинет за педофилија, се сеќавате ли на Адам Џонсон?

Ако се прогласи за виновен, Гилфи Сигурдсон сигурно ќе оди зад решетки поради педофилија, но веќе никогаш нема да го има животот кој го имал досега.

Англија

Поранешниот фудбалер на Манчестер Сити и Сандерленд, и англиски репрезентативец, Адам Џонсон го преживеа тоа што можеби му претстои на Гилфи Сигурдсон од Евертон.

Во март 2016 година, Адам Џонсон беше осуден на шестгодишна затворска казна поради педофилија. Беше пуштен во 2019 година откако ја издржа половина од казната.

Затворската казна значеше и крај на неговата кариера, откако излезе од затвор веќе никој не сакаше ниту да помисли да го ангажира.

Адам Џонсон си ја сруши сета репутација која ја имаше, и ипродолжи да живее повлечен живот во село.

Може да се претпостави дека слична судбина го очекува и Сигурдсон доколку биде потврдено обвинението против него.