24фудбал

Шкендија и Шкупи ги дознаа можните противниците во 3. коло од Конференциската лига

Попладнево во Нион беа извлечени паровите за 3. коло во Конференциската лига, Шкендија имаше поволна ждрепка која им донесе можен противник од Сан Марино односно Малта.

Македонија

Шкендија и Шкупи ги дознаа можните противници во 3. коло од Конференциската лига, ждрепката во Нион беше прилично поволна за „црвено-црните“ од Тетови.

Доколку Шкендија слави на двомечот со Рига во 2. коло, за противник ќе го добие подобриот од дуелот помеѓу Фолгоре од Сан Марино и Хебернијанс од Малта, ривали кои би можеле да бидат елеминирани од македонскиот шампион и да се обезбеди настап во плеј-офот.

Шкупи доби нешто потежок противник доколку успее да ја мине Санта Клара, клубот од Чаир ќе се пресмета со подобриот од словенечка Олимпија Љубљана и  Биркиркара од Малта.

Натпреварите од 2. коло во Конференциската лига се играат на 22 и 29. јули, додека пресметките од 3. коло се закажани за 5 и 12. август.