24фудбал

Ним со гол на Стојановски дојде до победа

Македонскиот репрезентативец Влатко Стојановски постигна гол за победа на Ним во пријателски натпревар.

Македонија

Ним го доби мечот против Ајачио со 1-0, а голот го постигна Влатко Стојановски во 85. минута.

24-годишниот напаѓач мечот го почна од клупата за резерви и максимално ги искористи минутите кои ги доби.

Ним во новата сезона ќе настапува во втората лига во Франција па се очекува Стојановски да остане во тимот и да има свој удел во сезоната.