24фудбал

Финалето во Лигата на шампионите за 2023 во Истанбул

Од куќата на европскиот фудбал ја потврдија информацијата за јавноста, откако истата ја најавија од Турција.

Лига на Шампиони

Пандемијата со коронавирусот го спречи Истанбул да биде домаќин на големото финале од Лигата на шампионите две сезони по ред, меѓутоа од УЕФА и официјално потврдија дека во 2023 година токму турскиот град ќе биде домаќин на тој голем фудбалски настан.

Сево ова доаѓа откако претходно турскиот министер за млади и спорт, Мехмет Касапоглу уште во мај најави такво сценарио, кое сега и официјално го потврдија од УЕФА.

Според распоредот, во претстојната нова сезона, финалето ќе се одигра во руски Санкт Петербург, а по Истанбул, во 2024 година домаќин ќе биде Лондон во Англија, за во 2025 година таа улога да ја има германски Минхен.