24фудбал

Преговорите помеѓу Галатасарај и Алиоски пропаднале поради Терим?

Алиоски во преговорите со Галатасарај бараше годишна плата од 2,2 милиони евра, а воедно инсистирал и на четири годишен договор со турскиот гигант.

Македонија

„А Спор“ објави дека преговорите помеѓу Галатасарај и нашиот репрезентативец Езгјан Алиоски пропаднале, иако се најавуваше дека прашање на време е кога Македонецот ќе го официјализира трансферот во турскиот гигант.

Договорот на популарниот „Џани“ со Лидс истече, а со тоа тој е слободен играч на трансфер пазарот, меѓутоа, „НТВ Спорт“ пренесе дека шефот на стручниот штаб на Галатасарај, Фатих Терим издејствувал да се стопира операцијата околу ангажманот на Алиоски.

Наводно Терим го блокирал трансферот откако ја сумирал сумата која ќе бидат потрошени генерално на овој ангажман, а пресметките воделе до околу 18 милиони евра, што според Терим било голема сума.