Категорија: Македонија 16.07.2021 12:54
Денеска во просториите на АМС, Наумче Мојсовски ги прими Пандев и Ангеловски, им го честита успехот и им додели благодарници.
„Денеска во Агенција за млади и спорт имав чест да ми бидат гости две легенди!
Капитенот на фудбалската репрезентација Горан Пандев и селекторот Игор Ангеловски!
Уште еднаш им честитав на историскиот пласман на европското првенство, но сите настапи низ годините и за големите успеси!
Европското првенство е голем успех за македонската репрезентација!
Пандев ни откри дека и покрај големите остварувања во неговата долгогодишна фудбалска кариера, за него настапот на европско првенство со македонската репрезентација е моментот кој го чекал сите овие години!
Селекторот Ангеловски ја имаше таа огромна чест да биде прв селектор-предводник на репрезентација која настапува на едно големо натпреварување како што е европското првенство.
Нашите репрезентативци докажаа дека сплотеноста на тимот е предуслов за успех!
Од мое лично име и од име на АМС им заблагодарив и им доделив благодарници за досегашните успеси и за сите позитивни емоции кои ги предизвикаа кај сите нас!“, изјави Мојсовски.