24фудбал

Најдобриот гол на Европското првенство е дело на Шик (ВИДЕО)

Фудбалерот на Баер Леверкузен заедно со Кристијано Роналдо со по пет погодоци беа најдобри стрелци на европскиот турнир.

ЕВРО 2020

Голот на Патрик Шик од половина терен против Шкотска е прогласен за најдобар на Европското првенство, со тоа што во потесниот избор од гласањето на второто место заврши Пол Погба, односно Лука Модриќ.

Речиси 800 илјади фанови гласаа на официјалниот сајт на УЕФА на листата каде имаше неколку мајстории од европскиот турнир, а речиси и да немаше дилеми дека Чехот ќе ја освои наградата.