24фудбал

Барса и Меси конечно се договорија, ова се деталите

Неколку извори од Шпанија пренесуваат дека Барселона и Лео Меси си подале рака за продолжување на соработката, станува збор за петгодишен договор со откупна клаузула од 600 милиони евра.

Шпанија

Барселона и Лео Меси си подале рака за нова соработка, ова попладнево го пренесоа неколку извори од Шпанија, официјална потврда може да пристигне утре или во петок.

Весникот пишува за петгодишна соработка со откупна клаузула од 600 милиони евра и драстично помала плата. Лео Меси прифатил околу 50% намалување на примањата и во првата сезона ќе добие 20 милиони евра, плус бонус за потпис на договорот.

Во втората година платата ќе му се зголеми, а Лео Меси ќе добие и опција да одлучи дали во 2023 (по крајот на втората сезона) ќе замине од Камп Ноу или ќе продолжи уште три години.

Во случај да реши да стави крај на авантурата и да се пресели во САД, ќе добие богат бонус за разделба.

Доколку реши да остане, платата прогресивно ќе му се намалува во останатите три сезони. 

Ваквиот нетипичен договор е поради финансискиот фер-плеј во Шпанија. Барселона требаше да биде креативна, да најде начин како да ги задоволи барањата на Меси, а во исто време да ги испочитува и правилата на шпанската лига.