24фудбал

Теоријата за Сака е погрешна, смета Овен (ФОТО)

На фудбалерот на Арсенал му беше доверена улогата од селекторот Герет Саутгејт да ја преземе одговорноста во клучната, петта фаза од пенал серијата против Италија, меѓутоа тоа помина неуспешно.

ЕВРО 2020

Поранешниот англиски репрезентативец и напаѓач, Мајкл Овен смета дека теоријата за фудбалерот на Арсенал, Букајо Сака, дека наводно бил премногу млад за на 19 години да шутира одлучувачки пенал на Европско првенство е погрешна.


Толку многу дебата за Европското првенство, но јас едноставно не би можел да ја имам таа теорија “премногу млад на 19“ за да го изведе пеналот“ стоеше во дел од неговата објава на социјалните мрежи, по што објави и листа на фудбалери кои промашиле пенал на големите натпреварувања од Светското првенство 1990 во Италија па наваму, а ниту еден од нив не беше помлад од 24 години.


Како што и кажав, теоријата е апсолутно погрешна“ коментираше Овен.