24фудбал

Жоржињо за промашениот пенал: Тоа беше сè планирано, знаев дека Донарума ќе одбрани!

Фудбалерот од средниот ред на Италија, Жоржињо се пошегува дека намерно промашил во пенал серијата бидејќи знаел дека Џиџо Донарума ќе го одбрани шутот на Англија.

ЕВРО 2020

Жоржињо важи за одличен изведувач на пенали и последен шутираше за Италија, доколку постигнеше гол ќе започнеше славјето на титулата, но тој промаши, за негова среќа потоа Донарума му одбрани на Сака па Азурите станаа шампиони.

Запрашан за промашениот пенал, Жоржињо изјави:

„Сето тоа беше планирано. Знаев дека Донарума ќе го одбрани следниот пенал“, се пошегува Жоржињо во изјава за СпортТВ, а потоа сериозно одговори.

„Секогаш давам сè за тимот, но за жал некогаш тоа не е доволно“.

„Го промашив тој пенал и во тој момент светот се сруши околу мене, бидејќи сакав да донесам победа на Италија“.

„За среќа имаме феномен на голот кој ме спаси“.