24фудбал

„Дејли Мејл“ открива зошто Саутгејт му го доверил одлучувачкиот пенал на Сака

Букајо Сака добил шанса да го изведе одлучувачкиот пенал против Англија бидејќи имал одличен скор од белата точка на тренинзите, ова го пренесе денешното издание на „Дејли Мејл“.

ЕВРО 2020

Изборот на Герет Саутгејт за пенал серијата во финалето на ЕВРО 2020 и понатаму е топ тема на „островото“. Многумина се чудат на одлуката на селекторот на Англија одлучувачкиот петти пенал да му го додели на 19 годишниот Букајо Сака.

Фудбалерот на Арсенал, кој има само девет настапи во дресот на репрезентацијата, нема изведено ниту еден пенал за „Трите лава“ на сениорско ниво, па и дел од ѕвездите на Англија биле шокирани што младото момче добило огромна одговорност.

Според пишувањата на „Дејли Мејл“, Герет Саутгејт се решил на еден ваков потег бидејќи Букајо Сака имал одличен скор од белата точка на тренинзите.

Весникот пренесува дека од септември месец минатата година, на секој тренинг на Англија се вежбале пенали а асистентот Стив Холанд водел детална статистика за тоа кој каде шутира, колку пати погодил и колку пати промашил. Додатно, сите тренинзи биле снимани, па фудбалерите можеле да ги прегледаат снимките и да поправат одредени аспекти.

Букајо Сака во континуитет имал подобри бројки од постарите колеги во репрезентацијата, па затоа Герет Саутгејт се решил да му укаже доверба пред поискусни играчи како Џек Грилиш и Рахим Стерлинг.

„Дејли Мејл“ исто така додава дека Џек Грилиш бил одреден дури како осми изведувач, но фудбалерот на Астон Вила истапил и побарал поголема одговорност, желбата делумно му била исполенета и го добил пеналот број шест. Интересно е тоа што по него требало да шутира голманот Џордан Пикфорд и деструктивецот од средниот ред Калвин Филипс, па дури потоа на ред би дошош Рахим Стерлинг.