24фудбал

Донарума: Кога го одбранив пеналот не бев свесен дека победивме (ВИДЕО)

Херојот на Италија, Џиџи Донарурма признава дека не бил свесен дека со неговата одбрана на пеналот на Сака тие станале Европски шампиони.

ЕВРО 2020

Откако го одбрани последниот пенал, Донарума мртов ладен си тргна кон своето место и одеднаш ги виде соиграчите како трчаат кон него. Па дилема беше дали голманот намерно е така ладен или не знае дека победиле. Донарума сега го раскажува моментот.

„Не ми беше јасно ништо, јас веќе паднав на земјата кога Жоржињо го промаши пенало, мислев дека изгубивме. Потоа после мојата одбрана, одев накај моето место и гледав дали е се во ред со ВАР, тогаш и видов моите соиграчи како трчаат накај мене и тогаш сфатив дека сме шампиони“, изјави Донарума.