24фудбал

Најдобриот тим на Европското првенство (ФОТО)

По завршувањето на Европското првенство, составен е и најдобриот тим на континенталниот собир.

ЕВРО 2020

Финалистите Англија и Италија имаат по тројца претставници во тимот, Данска има двајца, по еден Португалија, Швајцарија и Франција.

На голот е Донарума, во центарот на дефанзивата се Мегвајар и Кјелини, бекови се Шо и Меле. Во средниот ред се Џака и Погба, пред нив е Кјеза. Како странични напаѓачи се Долберг и Стерлинг, а најистурен е Роналдо кој беше и најдобар стрелец на ЕП.